Во Градската општа болница „8 Септември“ обезбедени се дополнителни места на интензивна нега и дополнителни два респиратори за да може да ги прими зголемениот број пациенти, информира Министерството за здравство.

Во тек е реконструкција на Клиниката за дигестивна хирургија, која ќе трае наредните неколку недели и дел од пациентите се преупатуваат во „8 Септември“ и во хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.
Од Министерството за здравство велат дека сите пациенти ќе бидат згрижени.

„Во моментов ‘8-ми Септември’ располага со шест респиратори во шок соба и два резервни респиратора, кои се користат. Заради големата фреквенција на пациенти обезбедени се услови за дополнителни места за интензивна нега со дополнителни два респиратора, кои ќе се користат во следниот период до завршување на реновирањето на клиниката за дигестивна хирургија“, велат од Министерство за здравство.

Минатата недела во „8 септември“ поради зголемен број пациенти и оптовареност на одделот за интензивна нега, дел од операциите кои не се итни и кои може да чекаат се одложуваа. Директорот на „8 Септември“ д-р Христијан Костов рече дека ова одложување не е со месеци, туку за неколку недели, бидејќи и покрај тоа што операциите не се итни не може пациентите да чекаат во недоглед. Тој рече дека бројот на пациенти им е зголемен за 20 отсто, откако почнало реновирање на Абдоменална хирургија.

Почнаа претурањата од шупливо во празно, сега ќе се реновира, абдоменална, утре некоја друга клиника, па понатаму којзнае што. пациентите ќе чекаат, нивните операции ќе се одложуваат, недај боже, може да има и несакани ситуации, поради одложувањата, зошто пренатрупување кога се имаше план како да се средат клиниките, кога и така не правите ништо зошто не го продолживте планот на претходната власт? Министерот во очекување на новите „зафати“ вака од страна гледано изгледа зафатено, останува времето да покаже до каде ќе се оди со ваквите претурања. Имаше прекрасен проект за средување на целиот клинички центар, се одби се направи невиден застој, за да се постигне што? Која е крајната цел, кога македонските пациенти чекаат, страдаат за лекови, за операции, за интервенции, која е поентата болните да патат и да страдаат?

Тое никој не го знае освен министерот? Чекаме одговор? – прашуваат граѓаните