Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против И.Ц.(44) од Штип за сторено кривично дело „измама“.

Во периодот од април до јуни минатата година, во Штип во домот на Ц.К., пријавениот во повеќе наврати, барајќи парични средства за лекување на ќерката на Ц.К., од истата зел вкупно 348.500 денари.