Фалат прозорци, нема греење, подот е оштетен и целата амбуланта од надвор е испишана со разно разни графити. Ова е амбулантата во населбата Ѓорче Петров. Овој здравствен дом е даден под концесија, но како што објаснуваат вработените, за неговото одржување треба да се грижи Министерството за здравство. А тоа го нема, министерот, незаинтересиран. Каде си Филипче овие работи да се решат, детските насмевки да се вратат во оваа здравствена организација?

Госпоѓа Манчевска, целиот свој работен век го има поминато во оваа амбуланта. Таа вели дека со сите сили работи за доброто на нејзините пациенти, но тие бегаат поради крајно лошите услови. Манчевска признава дека е разочарана од министерот за здравство, Филипче.

И жителите на Ѓорче Петров велат дека до сега слушнале само многу ветувања, кои никогаш не се реализирани.

Оваа амбуланта е изградена за привремени услуги, во 1963 година по земјотресот кој го разурна Скопје. Од тогаш во зградата и опремата ништо не е инвестирано. Венко филипче, посочува нови ветувања во однос на оваа амбуланта кога го прашале жителите на Ѓорче, во реалноста нема ништ, луѓето од скопската населба, со околу 42 илјади жители и понатаму ќе бараат содветна алтернатива за нивното здравје и помош во моменти на потреба, бидејќи Министерот нема слух и не му е гајле за оваа голема скопска населба, Ѓорче Петров.

Ако ова не е негова работа и со ова не се занимава не помага тука и во овие сегменти, тогаш што е неговата работа како министер? – Прашуваат жителите на Ѓорче Петров