Кај македонскиот народ отсекогаш постоело верување дека ракијата е многу лековита и дека понекогаш една чашка од неа може поволно да влијае на здравјето. Ова сега го потврдуваат и некои медицински истражувања.

Како што се наведува во српскиот весник „Poljoindustrija“, истражувањата покажале дека умерено конзумирање ракија ја зголемува концентрацијата на позитивниот, а ја намалува на негативниот холестерот, како и дека оние кои умерено конзумираат од овој жесток пијалак, а боледуваат од кардиоваскуларни заболувања може да спречат инфаркт, срцеви болести, зголемен крвен притисок.

  • Една чаша ракија на ден лечи воспалување на внатрешниот ѕид на крвните садови во кои се наоѓаат масни наслаги кои може да предизвикуваат пукање и срцев удар. Исто така, ракијата го забавува создавањето тромбови и го заврзува нивното разложување, ако постојат, се вели во текстот.

Притоа, под умерено конзумирање ракија се подразбира една до две чаши кои содржат 10 грама алкохол, што одговара и на една кригла пиво, чаша вино или чашка жесток пијалак.

Од друга страна, ако често се конзумира голема доза на алкохолни пијалаци, тогаш дејството е штетно, бидејќи може да го оштети срцевиот мускул и да доведе до грчење на периферните крвни садови.