Земјоделците почнаа да ги кршат лубениците незадоволни од откупната цена која е само три денари. Тие решија да го стопираат откупот, бидејќи како што велат цената која е моментално, не им е доволна ниту да ги вратат трошоците кои се направени за одгледувањето.

Тие веќе неколку дена реагираат на катастрофалната цена за откуп на лубениците.

Граѓани стравуваат и за животна егзистенција за себе и за своите семејства, бидејќи одгледувањето лубеници им е единствен пат до доаѓање на парче леб за нивните семејства.