Долгорочно нема да има никаков ефект од реформата на Владата за бесплатно болничко лекување за сите граѓани. Ќе има само штета по македонскиот здравствен систем кој и така едвај се држи на стаклени нозе. Ова е коментарот на повеќето лекари од скопските клиники, за мерката која од први јануари 2019 ја најави Зоран Заев. Велат дека за кратко време по нејзиното воведување ќе се видат негативните ефекти, а најлошо е што истата ќе продуктира зголемување на лиситите на чекање за  операции. Парите од партиципација се на посебна сметка на секоја ЈЗУ и тие пари ги користат за тековни работи. Доколку не ги добиваат парите од државниот буџет како што ветува премиерот, тогаш болниците ќе генерираат долгови и нема да можат соодветно да одговорат на барањата на пациентите. од друга страна, во ниту една земја во регионот а ниту пошироко нема бесплатно болничко лекување за сите. Негодуваат и пациенти, за кои, овие најави се само предизборни ветувања.

-Ова е популистичка мерка, ништо друго. Се што ќе вети овој премиер е лага, вели пациент на една од скопските клиники. Друг пациент коментира дека ова се само празни ветувања на власта и залажување на пациентите.

Дали надлежните направиле долгорочна анализа за најавената мерка, или ќе биде само пусто ветување ќе знаеме по Нова Година.