Секој лек, било да е во форма на таблетка или капсула, треба да се зема со одредена количина течност. Но и покрај тоа, некои луѓе ги голтаат лековите „на суво“, без да знаат дека тоа може да наштети на нивниот организам.

Голтањето на таблетките може да предизвика низа несакани ефекти и наместо да ви помогнат, дополнително да го загрозат вашето здравје.

Најпрво, можете да го повредите хранопроводот, од ситни гребнатинки до сериозни оштетувања. Некогаш може да почувствувате нагони на повраќање или иритација на хранопроводот, а можно е и капсулата или апчето да се заглават и да предизвикаат непријатна болка додека да се стопат.

Некои лекови може да предизвикаат и иритација и оштетувања на слузокожата во желудникот. Затоа, секогаш читајте го упатството за начин на употреба на лекот и држете се до него.