Ова се петте знаци дека не внесувате доволно протеини:

Склони сте на повреди на коските

На вашите коски им е потребно повеќе од здрава доза калциум – потребни им се и протеини. Кога не внесуваме доволно протеини кои даваат енергија на организмот и на мозокот, нашето тело го позајмува од други делови, како на пример од резервите во мускулните ткива. Без поддршка од силни мускулни ткива, коските стануваат склони на повреди и кршење.

Косата и ноктите ви се слаби

Протеините се клучен дел во косата и ноктите, па доколку не ги внесувате доволно, ноктите стануваат меки, а влакната склони на кршење. Косата го губи својот сјај и не е густа како претходно, а доколку недостатокот од протеини трае неколку месеци, можно е и да почне да паѓа, бидејќи телото го запира нејзиниот раст за да сочува протеини во телото.

Губите килограми (односно, губите мускули)

Кога киограмите одат надоле, не мора да значи дека е добра работа. Најчесто, кога луѓето не внесуваат доволно протеини, телото го повлекува од мускулите. А доколку губите мускулна маса, тогаш се таложат масти.

Немате сила

Луѓето кои не внесуваат доволно протеини, почнуваат да се чувствуваат хронично изморени. Нормално, намалената мускулна маса и недостатокот на протеини влијае на ова, но протеините се и составен дел на хемоглобинот, кој е присутен во црвените крвни зрнца и го транспортира кислородот низ телото. А недостатокот на кислород предизвикува чувство на слабост.

Често сте настинати

Протеините се задолжени и за создавање на антитела, кои се создаваат во имунолошкиот систем за да помогнат во борбата против бактериите и вирусите. Доколку не внесувате доволно протеини, го ослабнувате вашиот имунолошки систем и ќе се настинувате почесто.