Човек кој 10 години се претставувал како експерт за неплодност во Австралија е осуден на девет години затвор.

Рафаел ди Паоло (61) призна вина и е осуден за 51 сексуален престап, но и за финансиски измами.

Овој австралиско-италијански државјанин ги фалсификувал квалификациите во Италија во 90тите години.

Тој  врз пациентите спроведувал третмани за вештачко оплодување кои опфаќале вбризгување хомеопатски супстанции, земање примероци крв кои никогаш не биле испитани и спроведување абдоминални тестови и ултразвучни прегледи.

Ди Паоло на многу жени им рекол дека се бремени иако не биле, додека пак една трудница абортирала откако тој и дал непозната супстанца.

Лажниот доктор изведувал и различни зафати врз мажи, без анестезија.