Неколку денови низ медиумите струи информација дека ќе се градат бегалски кампови во одредени населби низ Скопје, во јавноста излезе и најава од МТСП и царицата која ја води оваа државна институција, дека не се тоа бегалски кампови туку дека се прифатилишта за бездомници, па потоа повторно да се лиферува информацијата дека во најава е да се градат неколку бегалски кампови на неколку места низ главниот град Скопје.

Од МТСП никој не излезе со конкретен став и да им објасни на граѓаните што се случува, се појавија неколку документи со дозвола за градење со обележани катастерски парцели, како најактуелни места каде ќе се гради се споменуваат Бардовци каде треба да никне најголемиот од сите три бегалски кампови, а освен тој треба да се изградат по еден и во Карпош и во Визбегово!

На оваа информација реакција имаше и од граѓаните со кои разговаравме пред објективот на нашата камера, погледнете што тие кажаа, слушнете го гласот на народот:

Граѓаните прашуваат со кое право министерке Царовска одлучивте каде ќе бидат сместени овие објекти, каде ќе се градат и зошто да бидат наменети за згрижување на бегалци? Во која бројка ќе бидат примени бегалците, по чија наредба или насоки работите вие? Дали воопшто работите во интерес на народот или не? Како и дали тоа значи дека се што требаше да се среди во однос на социјалата во државата, средивте, па остана ова несредено и сега за ова се фативте да го реализирате?

Само тоне и пропаѓа ова општество и државата со вас како лидери на одредени државни институции, на нас граѓаните не ни требаат бегалски кампови, ние не може да излеземе на крај да врземе 1-ви со 30-ти во месецот, а вие само гледате од што може да профитирате, што остана да се продаде и што е следно како чекор, потег или како ситуација што може да го предизвикате или направите, а при тоа што повеќе да им наштети на граѓаните на Македонија.

Бараме оставка од министерката, од премиерот, од владата и сакаме власт која ќе се грижи за сопствениот народ, не ваква, со погубни политики против сопствените граѓани!