Прекумерното јадење на јаткасти плодови со себе носи и неколку ризици по здравјето, меѓу кои најсериозни се:

Зголемување на телесната тежина

Многубројните истражувања покажуваат дека јаткастите плодови може да ви помогнат да ги симнете несаканите вишок килограми.

Сепак, треба да го имате предвид следниов факт–овие резултати се постигнуваат само доколку ги јадете во умерени количини.

Ако ја надминете препорачаните дневна доза, ќе се случи токму спротивното и всушност ќе ја зголемите тежината.

Дополнителен проблем е тоа што ова ќе се случи многу побрзо отколку што тоа се случува со некоја друга храна. Имено, оревите се богати со калории, па даваат повеќе енергија од другите видови на храна.

На пример, 30 грама бадеми содржат околу 163 калории, додека истата количина на тестенини содржат само 37 калории.

Проблеми со варењето

Ако некогаш се почувствувате подуено по консумирање на јаткасти плодови, знајте дека не сте единствените.

Надуеноста е чест несакан ефект кој се јавува со претераното јадење на јаткасти плодови, поради фитатите и танините, состојките што го отежнуваат варењето на јатките во желудникот.

Воедно, прекумерната консумација на масти (со кои се богати јаткастите производи) во многу краток временски период може да доведе до дијареја.

Како можете да ги спречите овие непријатни последици? Држете се до препорачаните дневни дози или одберете јаткасти плодови кои се варат побрзо и полесно.

Ризик од труење со селен

Губење на косата, кршливи нокти, непријатен мирис, болки во мускулите и зглобовите – ова се симптомите кои укажуваат на труење со селен.

Ова е ретка, но многу сериозна состојба што може да настане доколку консумирате премногу бразилски ореви (со другите јаткасти плодови сте релативно сигурни дека нема да се затруете).

Бразилските ореви се толку богати со селен што експертите препорачуваат да не јадете повеќе од неколку парчиња дневно, и тоа не повеќе од 2 пати неделно.