На социјалната мрежа Фејсбук повторно се објавени фотографии на кои се гледа дека Клинчкиот центар во Скопје тоне во ѓубре и смет.

  • Хигиената е половина здравје, затоа ретко чистиме во Клинички центар, се вели во објавата.

Инаку, ова е проблем кој со провлекува во последниот период, па поради тоа граѓаните преку социјалните мрежи се жалеа на нередовното чистење на Клиничкиот центар.

Наместо редовно чистење, јавните претпријатија на Град Скопје спроведуваат само викенд-акции за чистење на Центарот.

Откако се појави овој проблем досега беше спроведена на само една акција од јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“, наместо да се одржува редовна хигиена во Клиничкиот центар.

Министерството за здравство во минатата сабота најави дека викенд-акциите ќе продолжат и во следниот период до целосно системско решавање на проблемот со хигиената во Клинички центар „Мајка Тереза“.