Едногодишно девојче од Скопје е хоспитализирано на Карил, откако вчера со тешки повреди било примено на скопските клиники. Го однела мајката која исто така била со модрици и посекотини по телото. Детето покрај скршениците на черепот и крварење во мозокот, било дехидрирано и неухрането и медицинскиот персонал неможел да пронајде вена за да му стават инфузија. Целиот случај е конфузен бидејќи никој официјално не знае како малото дете заврши во Ургентен. Мајката прво тврдела дека паднало од кревет, но лекарските прегледи, како што дознаваме, воопшто не укажувале дека тоа се повреди од паѓање. Девојчето имало и стари повреди на подколениците, кои воопшто не биле медицински третирани. -Детето е примено вчера во попладненвите часови, со повреди на телото кои се високо сомнителни за насилство врз дете. Со хематом и крварење на глава, скршеници на череп, направени с есите потребни испитувања и преземени се сите мерки за стабилизирање на неговата состојба, изјави за Сител Илир Хасани директор на ТОАРИЛУЦ

Неофицијално, од лекарски извори дознаваме дека повредите кај детето не настанале непосредно пред да биде однесено на Ургентен.

Од МВР велат дека работат на случајот и засега не откриваат никакви информации кога и како настанале повредите кај едногодишното дете. Во меѓувреме, мајката е пуштена на домашно лекување бидејќи лекарите контатирале само површни повреди.