Стручните лица предупредуваат, ако се сомневате дека храната е расипана, задолжително да ја фрлите. Освен тоа постојат две причини поради кои храната во лето е опасна и мораме да бидеме особено внимателни при подготовка и чување.

1. Зголемената температура и влажноста на воздухот се погодни за размножување на бактериите како што се салмонела и Е-коли, преносливи преку храната.

2. Летото носи зголемени активности надвор од вашиот дом, па миењето и складирање на храната не ни е секогаш достапно. Измијте си ги рацете и работната површина најмалку 20 секунди пред да ја допрете храната и суровото месо, но не заборавајте на други правила. Обавезно да си ги измиете рацете по напуштањето на тоалетот, менување на пелените или по допир на вашите куќни миленици.

3. Ако одите на излет или кампување прашајте дали таму водата е чиста. Ако не е чиста, понесете си со себе вода за припрема на храната и дезинфекциски гелови за чистење на рацете. За да ги зачувате остатоците од храната, користете само чиста пластична кеса или чист сад со капак.

Невозможно е да се види и помириса дали на површината на овошјето и зеленлукот има бактерии, затоа без размислување треба да се измие со чиста вода.

Храната треба да се приготвува на соодветна температура и ако можете користете дигитален термометар за да бидете сигурни дека храната е безбедна за консумирање.

Запомнете, бактериите се размножуваат кога ќе дозволите храната да се лади полека. Кога патувате, не е лошо фижидерот да го сместите во најладниот дел од автомобилот и под сенка кога тоа е возможно. Доколку мразот во фрижидерот се одмрзне, веднаш фрлете ја храната.