Мајката на бебето кое викендот со тешки повреди беше примено на КАРИЛ , според неофицијални информации утре најверојатно ќе биде сослушана од јавен обвинител. Во меѓувреме одреден и е притвор. Таа беше сместена во шелтер центар, а од таму попладнето била однесена на распит во полициска станица. Осомничена е за сериозните повреди кои ги имало нејзиното 13 месечно бебе.