Во последниот период се поактуелни се вработувањата во јавните здравствени установи, како и покачувањето на платите. Меѓудругото, надлежните наведуваат дека целта е да се задржат во здравствените установи во земјава, односно да не заминуваат од Македонија. Меѓутоа начинот кој го практикува СДСМ и актуелната власт е крајно бескрупулозен, не е битно дали ги бива или не битно се од „нашите“ и ќе ги вработиме.

Повторно нашиот добро познат министер, Филипче спие на работното место, за ваквите вработувања е слеп и глув, не слуша и не гледа ништо, најверојатно бидејќи се партиски па, се прогледува низ прсти и за неписмените и за последнорангираните. Секоја чест министре, само како таа личност со несоодветно образование утре ќе може да излезе во пресрет на работните обврски како акушерка, кога ќе дојдат мајките на пораѓање? Па, потоа се случуваат страшни и катастрофални сценарија по породилните клиники, нели нема од каде и нема како!!! Поради ваквите вработувања на неспособен кадар тоне државата под ваша власт и здравството под твое раководство министре, Филипче – посочија пациентите и дел од граѓаните во Кичево.

Но, што се случува во реалноста. На оглас за вработување на акушерки во болницата во Кичево се констатира злоупотреба ако се погледне листата на кандидати, како и одлуката за вработување.

Имено листата на која се рангирани кандидатите, а не била објавена, односно ставена на увид, прворангираната кандидатка не е примена,  а последната е примена, иако има многу помалку бодови од првата на листата.

Првата има 88 бодови, а последната 37,83 бодови.

Како што информираат упатени во постапката за избор на лица кои би биле примени, со кандидатите воопшто не е направено интервју, или единствен критериум е успехот.

Истите извори велат дека последната кандидатка не е со соодветно образование, се претпоставува дека и останатите примени не се со соодветна квалификација за огласеното работно место, акушер.