Ако ги прашате фармацевтите, тие ќе ве советуваат секогаш да ги пиете таблетите во еден дел, какви што се.

„Обложените таблети се обложени со причина, најчесто за да се спречи растворањето и дејството на лекот во желудникот, како би се заштитила слузокожата од агресивните материи од лекот.“

„На пример, ако филмуваниот аспирин го скршите на половина, заштитното дејство на обвивката се губи.“

Со самото кршење на некои лекови со повеќе обвивки и комплицирано разградување, може да се промени и дејството на лекот, па истиот да има непредвидливи последици.

Фармацевтите велат и да не им верувате на втиснатите линии на апчињата, тие не се дозвола дека треба да ги кршите пред да ги испиете.

Кршете ги само оние кај кои е нагласено во упатството дека кршењето и гризењето е дозволено.