Ова се некои од работите кои луѓето ги прават наутро, а токму тие навики поттикнуваат дебелеење:

1. Не јадете многу за појадок

Дали знаете дека е многу поважно кога ќе јадеме, отколку што ќе јадеме? Не треба да избегнуваме обилен појадок, бидејќи познато е дека појадокот е најважниот оброк во денот, кој треба да ни даде енергија за работните обврски во текот на целиот ден. Обилен појадок и лесна вечера се полн погодок. Ова е подобро, отколку да јадете чести и мали оброци. Брзината на метаболизмот се менува во текот на денот. Најдобро е ручекот да биде средно обилен.

2. Не шетате по сонце

Сонцето согорува маснотии. Тоа е причината зошто луѓето добиваат повеќе вишок на килограми во текот на зимата, отколку на лето. Не го избегнувајте сонцето, меѓутоа не заборавајте ниту крема за сончање.

3. Не пиете вода после будење

Наутро најдобро е денот да се започне со чашка вода. Потребно е да се пие што е можно повеќе вода. Водата го забрзува метаболизмот и ги намалува шансите за дебелеење. Покрај тоа, водата му помага на телото да се ослободи од токсини. Ако пиете вода кога ќе се разбудите, ќе го намалите процентот на масти.

4. Не вежбате

Утринското вежбање е многу корисно, бидејќи на тој начин се согоруваат калории, се забрзува метаболизмот и се намалува апетитот. Истражувањата дури покажаа дека луѓето кои вежбаат пред појадок, јадат помалку храна во текот на денот. Затоа вежбајте на празен стомак, бидејќи така е поефективно.

5. Омилената храна ја чувате за ручек или вечера

Ако навистина сакате благо, подобро изедете ја омилената чоколада наутро, бидејќи на тој начин многу помалку калории ќе се таложат во стомакот, па помали ќе бидат шансите за дебелеење.