Вртење хулахоп, долги прошетки и бескрајно танцување, е еден начин – како да си ја вратите и одржите линијата по две породувања, тврди Рејчел Финч, мајка на две мали деца која, многумина ќе се согласат, има тело на манекенка.

– Секој ден одиме со децата на прошетка, а кога ќе се вратиме дома, вртиме хулахоп и имаме слични други активности… Честопати пуштаме музика и се забавуваме „до бесвест“, вели Финч за „Дејли Меил“.

Тоа за неа е секојдневна „вежба“. Секако, и здравата исхрана е неизбежна, нагласува младата мајка.

– Секој ден е различен. Се трудам исхраната да ми биде поразновидна, за да го направам миксот од витамини и минерали што му се потребни на моето тело, додава таа.