Официјално министерката Царовска пробува да „мачка“ очи на граѓаните на Р. Македонија на следниот начин со следните изјави по медиумите:

Секој чекор што го правиме е во насока на унапредување на системот на социјална заштита, но долгорочно и тоа многу скоро ќе даде резултати. Единствено што преземаме во центрите за социјална работа се долгорочни мерки. Единствено оваа Влада се грижи за системот за социјална заштита од осамостојувањето на Македонија.

Oва вчера го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која рече дека токму затоа вработуваат квалификуван и најдобар кадар.

– Се грижиме сите работни места да добијат двостепеност во центрите за социјална работа во новиот закон, што значи да има социјален работник и супер визор над него, затоа што секоја одлука која ќе ја донесе едно лице може некогаш да биде пристрасна. Затоа е потребен супервизор. Се ова е во насока на стабилизација на системот на социјална заштита, потенцира Царовска. Далеку било дека е да се вработат ваши партиски кадри да бидат само мониторинг и да земаат плата…сето тоа е плански и „демек“ потребно, знаеме, сигурно дека е така? Не беше никаков проблем кога бевте дел од шарената револуција, што сменивте, за што се боревте, за 1,5 милиони евра за да прогледате за бегалските кампови – посочија граѓаните.

Граѓаните прашуваат ако чекорите што ги превземате миниистерке се во интерес на граѓаните и примателите на социјална помош како и лицата од ранливите категории, како во тој случај ветивте зголемување на социјалната помош до 12 илјади денари за едно 4-члено семејство за тоа да се сведе на покачување од едвај 40 денари за период од година и неколку месеци откако сте министерка? Пробајте вие да живеете со 1500 денари месечно, па потоа може да кажете дека се грижите за социјалните случаи во Македонија, само не лажете – изјавија неколку социјални случаеви со кои разговаравме

Како тоа имате и вработувате персонал во центрите за социјална грижа, а при тоа не се грижите за социјалните случаеви, сеуште стои во воздух и не е решен системски проблемот со питачите роми на секоја раскрсница, со питачите како категорија воопшто, што се прави по овие прашања, тоа не интересира нас граѓаните?

Не само да се ветува започнување на изградба или реновирање на центри за одредена ранлива категорија на деца на кои им е потребна помош и притоа ништо да не се реализира, па уште имате за храброст да излезете во јавност и да кажете дека вие правите многу за нас граѓаните, тоа не е точно!

Воведувањето на двојазичност на порталот на МТСП, како и сите соопштенија од министерството се во корист и интерес на граѓаните? Секојпат кога има некаква ситуација или се направи проблем кој ги засегнува граѓаните, ниту ве има да излезете да дадете официјално соопштение, ниту постоите. Што се случува со изградбата на бегалските кампови, дали имаме доволно средени работи во државата и се е доведено во однос на социјалата на завидно ниво, па сега ќе се грижиме за бегалците и ќе гледаме како да ги згрижиме?

Министерке Царовска, вие сте само уште еден политички полтрон и пион во играта на оваа власт и Заев, затоа престанете да продавате демагогија и лажна скромност како и дека вие се грижите за социјалните случаеви во МК, за овој народ, за нешто повеќе. Вие се грижите за тоа што ќе ви го дадат како насока од партија да го спроведете и патем колку може да инкасирате на личното конто, се останато не е ни на последно место на вашиот список. Затоа бараме оставка како мерка со која ние граѓаните ќе се заштитиме од вас и тие налик вас од власта – порачаа група изреволтирани граѓани кои ја контактираа редакцијата.