14-месечното бебе кое од брутално претепување заврши во болница, според првичните прогнози на лекарите, целосно ќе го загуби видот на едното око.

Повредите на главата му ги оштетиле очните нерви. Лекарите велат дека за дел од повредите бебето прима терапија, но се сомневаат дека девојчето може да има оштетувања и на други витални функции од бруталното тепање. На магнетното снимање на главата се гледаат голем број на повреди, и нови, и стари, а дел од нив сè уште крварат.

Бебето во моментов е под постојан надзор на интензивна нега во Клиниката за детска хирургија и не е во животозагрижувачка состојба, информираат за ТВ Алфа од Детска хирургија.

Истрагата која ја води обвинителството сè уште е во тек. Инаку, пред десетина дена 14 – месечното бебе со повреди на черепот, крварење во мозокот и скршеници на нозете беше донесено во скопските клиники.