Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција не спомна ништо за починатата родилка од Гевгелија, 31 годишната Елизабета Савиќ Динева која во понеделникот починала на КАРИЛ во Скопје откако на 29-ти минатиот месец била породена со царски рез во гевгелиската болница, а токму темата на денешната прес конференција на  министерот Филипче беше подобрување на состојбата во родилиштата со опрема и кадар. Од тука се отвораат многу прашања меѓу кои, дали министерот случајно или намерно го избегна овој случај? Но, и  покрај тоа, информацијата за смртта на младата жена која десетина дена ја лекувале на скопските клиники излезе во медиумите доцна попладнево откако блиски роднини и пријатели на починатата родилка тагата ја споделија на социјалните мрежи.