Пред три недели, едно, а сега сосема друго. Премиерот Зоран Заев јавно на собраниската говорница се обврза – дека референдумот ќе биде задолжителен, за подоцна да каже дека истиот ќе биде консултативен. Тој вчера им порача на граѓаните, дека мора да се изјаснат на консултативен референдум, а одлуката на политичарите ќе била онаа што ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти.

Ги прашавме и оние кои треба да се изјаснат по тоа прашање. Граѓаните велат дека веќе не му веруваат на Заев, дека консултативниот референдум ќе биде со обврзувачка одлука за власта. Посочуваат дека по многуте лаги, веќе никој не му верува на премиерот. Велат дека ако еднаш излажеш, срам да ти е, ако излажеш два пати – срам да ми е. А во случајов тоа било многу пати.

И дел од експертската јавност се согласува со граѓаните дека премиерот веќе и не знаел што зборува. Александар Пандов вели дека Законот за референдум, во членот осум е јасен – одлуката, донесена на консултативен референдум, не е обврзувачка.

  • Зоран Заев повторно ги излажа граѓаните. Тој е човек лажов, жално е што тој за краток период ги менува своите изјави, тоа жално, рече политичкиот аналитичар Александар Пандов.

Колку за потсетување, кога е во прашање Заев, истото се случи и со уставот. Тој, првично ветуваше дека во преговорите со Грција нема да се менува уставот, за да по неколку месеци да се согласи со преспанскиот договор.