Кариес имаат околу 18.000 ученици. Последните систематски прегледи покажуваат дека повеќе расипани заби имаат основците. 13.065 деца не водат грижа за своето орално здравје, а половината имале криви заби. Малку подобра е состојбата кај средношколците. Кај нив кариес имале околу 4.700 ученици во средно, а ортодонтски аномалии биле регистрирани кај 1800 од нив.

Задолжителните систематски прегледи покажаа алармантни резултати за здравјето на децата. Секој втор ученик има рамно стапало, а секое трето дете има искривен ‘рбет или проблеми со видот. Како најголем проблем за ваквата состојба лекарите ја псочуваат недоволната физичка активност и честото седење пред компјутер.