Сигурно сте забележале дека на картоните со јајца има ознаки S, A и B – еве што тоа значи.

Знаеме дека ознаките претставуваат класа, но која класа е каква?

Класата S значи дека јајцето тежи помалку од 70 до 65 грама, класата A – помалку од 65 до 60 грама, а класата B означува јајце во категорија од 60 до 55 грама.

Кога купувате јајца, обратете внимание на тие ознаки, но и на обликот и бојата на лушпата бидејќи тоа може да укаже на квалитетот на јајцата.

Обликот мора да биде нормален, лушпата неоштетена, чиста и измиена.

Идеалниот облик на јајце им е познат на сите, а јајцата со аномалија – кои се „грбави“, или со некој друг дефект често укажуваат на некоја болест.

Бојата на лушпата исклучиво зависи од генетските фактори. Во некои европски земји, па и кај нас, распространето е мислење дека јајцата кои се во лушпа со браун боја се со подобар квалитет од белите, па тренд е да се произведуваат јајца со браун лушпа.

Во некои земји пак јајцата со бела лушпа се поприсутни на пазарот.