Во однос на тендерот за набавка на реагенси за 35 милиони евра, ниту денеска не одговараат од министерството за здравство точно која фирма стои на тендерската документација.

Сопственикот на компанијата АХР ЛАБ вчера тврдеше дека неговата фирма не конкурурала на тендерот туку се јавила како подизведувач.

Исто така дознаваме дека за време на отворањето на тендерските документи немало представници од компанијата АБОТ, која според информациите се јавува како носител на набавката.

Од Министерството во нивниот одговор и понатаму се закануваат дека за секое изнесување на шпекулации и невистини во јавноста повлекува одговорност согласно законите.

Тоа е доста страшно и опасно што се заканувате министре, мислите дека со тоа што сте распишале тендер, сте ги уплашиле сите останати да не конурираат и им го давате истиот на фирма не постара од 4 месеци со само основачкиот влог од 5000 евра позади нив, мислите дека после ваквите информации вашите закани ќе доведат до ќутење или до погревање на атмосферата од каде е фирмата АХР ЛАБ? Како го добила тендерот?

Како успеавте министре без да проверите во два дена да им префрлите 35 милиони евра и уште згора на се да не излезете и јавно да ги објасните и постапката и тендерот и причината за доделување на таа фирма. Немојте сега со лажните и скромни муабети го поништивме тендерот, ама пак ќе го распишеме истиот, колку да најдете само „посоодветен “ начин истите средства пак да ги префрлите на истите луѓе. Тие приказни на друго место, ние народот на Македонија ве научивме.

Со ваквото однесување г-не министере се копате себеси во што подлабок јаз од кој нема да може да ве извадат ниту 35 милиони евра. Оставка со време проследете, нема да одговарате само пред законот и да лежите, ќе одговарате и пред народот – посочија граѓани кои изразија незадоволство во нашата редакција од ваквото однесување на министерот.