И покрај тоа што пред извесен период се случи болницата Санте Плус да биде затворена и да и биде одземена дозволата за работа, истата и беше вратена. Но, еве по извесен период на виделина осамнуваат случаеви кои посочуваат за начинот на функционирање на оваа установа, како и за начинот на кој се третираат дел од пациентите.

Ви го посочуваме случајот на Мирсада Ќерими, 41 годишна жена од Скопје повеќе од една година живее во страв дека ќе и излезат цревата од стомакот поради три неуспешни операции направени во болницата Санте Плус во Турција и една киретажа во болницата во Скопје.

„Јас живеам 24/7 со појас дури и при туширање не смеам да го извадам за да не ми излезат цревата надвор. Од операцијата на кила направена во болницата Санте Плус во Турција и во болницата во Скопје, јас останав инвалид, живеам со големи болки од нешто што не е направено како што треба, поради лекарска грешка“, изјави Мирсада.

Таа вели дека претходно била оперирана три пати во јавно здравство, пред да оди во Турција. Два пати без мрежа, а третиот пат била ставена мрежа но, неуспешно. Во Турција отишла со надеж и ветување дека се ќе биде во ред.

Во болницата санте плус во Турција и било кажано дека не може да дојде директно, туку само преку застапник за Македонија и регионот, кој во овој случај била, Камилова. Во договор со Камилова од Санте Плус во Скопје и кажале дека операција во Турција ќе ја чини  4000 евра, од кои 2000 евра за операција на кила, како и 2000 евра да се направи естетска операција на стомакот поради другите оперативни зафати кои ги имала претходно.

Само неколку  дена по враќањето од таму состојбата се комплицирала, од отворот кој и бил оставен во стомакот почнало да излегува течност. Во еден период од раната излегуваше и измет. Јас така со гној, силни болки и пред сепса и се обратив на Камилова, таа го повика докторот да ме види, доктор кој е нејзин пријател не хирург вработен во санте плус. Тој  констатира дека раната не е во ред и дека е потребен нов хируршки зафат.

„Во меѓувреме раната на стомакот се отвори уште повеќе, а Санте Плус тогаш ја вработи хирургот др. Илина Гадџевска која ми ја третираше раната и ми правеше преврски. Докторката веднаш по првиот преглед констатира дека има три типа на бактерии преку извршени наоди. Цело лето правев преврски во Санте Плус во Скопје и во тек на еден месец примив 95 инекции. Потоа следуваше уште еден хируршки зафат во болницата Санте Плус во Скопје.

Операцијата, однсно киретажата ја направи др. Илина Гаџевска заедно со др. Менду Јегени , гинеколог. Откако раната зарасна, по сите трауми и претрпени болки се појави повторно кила. Сега мојата состојба е многу полоша од пред да бидам оперирана, а од болницата Санте Плус во Скопје се оградуваат.

Од Санте Плус во Скопје, се негира дека пациентката Мирсада Ќерими била воопшто третирана во болницата Санте Плус во Скопје.

Внимавајте каде и кој ќе се грижи за вашето здравје бидејќи на крајот од денот само тоа го имаме, ваквите случаи само покажуваат колку актуелната власт со претходниот и сегашниот министер Филипче, се слепи и неми за ваквите ситуации и во вакви моменти кога треба да се покаже достоинственост дека барем пред се сме луѓе, човечноста да исплива, сето тоа го снемува покриено со превезот на интересот и се случуваат вакви немили настани.

Прашањето кое се наметнува само по себе е што со сите оние случаи и пациенти кои не излегле да ја кажат својата сторија или неможат, подлегнале на несоодветниот третман и сега се неподвижни, инвалиди или што со тие кои при тоа го изгубиле животот, со нивните најблиски? Дали мирно спиеш министре Филипче откако му ја врати дозволата за работа на Санте Плус, колку „се офајди“ за мирен да ти е сонот, дали вреди македонските пациенти да ги оставаш на немислост – поставија прашање загрижените граѓаните на Македонија