Колагенот е најбогатиот протеин во телото. Тој го составува сврзното ткиво околу зглобовите и ја прави кожата еластична, здрава и свежа. Овој протеин игра многу важна улога и при здравјето на косата, ноктите, коските и обложеноста на цревата.

Колагенот не се смета за совршена белковина бидејќи не ги содржи деветте есенцијални аминокиселини, но сепак тој е единствената белковина која ги содржи двете аминокиселини кои ги создава нашето тело, а тоа се глицин и пролин.

Како старееме, создавањето на колагенот во нашето тело се успорува. Постепената загуба на овој протеин започнува во доцните 20-ти или раните 30-ти години од животот. Најизразен симптом за намалено присуство на колаген е појавата на брчки. Освен годините и други фактори се причина за намаленото количество на колаген во нашето тело. Изложеноста на сонце, алкохолот и рафинираните шеќери го забрзувааат процесот на стареење и потребно е да се избегнуваат што е можно повеќе.

Поради овие факти, не сме изненадени што колагенот е омилена состојка за спречување на создавањето на брчки и висната кожа која е многу честа појава кај луѓето кои слабеат. Во последно време, колагенот станува омилен додаток и во исхраната, особено кај жените.

Мноштвото истражувања докажуваат дека колагенот општо има добро влијание врз целосното здравје, метаболизмот и секако губењето на вишокот килограми. Сепак, ефектот е најголем за здравјето на кожата, зглобовите и коските.

  • Како да го внесете колагенот преку исхрана?

Најдобриот извор на колаген доаѓа од животинските белковини како што се говедското, пилешкото и свинското месо, рибата, некои морки продукти и белки од јајца.

Бидејќи колагенот се наоѓа во продуктите кои доаѓаат од животинско потекло, како извор на овој протеин не постои храна која е веганска, но постојат други извори кои го помагаат производството на колаген како: Витамин А, витамин Ц, цинк бакар и железо.