Министерството за здравство  се уште нема одговор од што починале  три родилки  низ родилиштатата  низ држават за само  месец и половина.  Министерот Филипче вели дека се уште се испитуваат причините, а досегашните сознанија не упатуваат на лекарска грешка.   Во јуни  родилка почина по породувањето во штипската болница, а во јули две породоувања завршија фатално за мајките .  Едната  почина откако со компликации била донесена од гевгелиската болница на Неврологија, а втората почина  во средата во специјалната болница за гинекологија  во Чаир.

Не би сакал да прејудицирам кои се вистинските причини додека не излезат дефинитивните извештаи и наоди од формираните комисии. Од првичните инфомрации кои што ги добивме од интервјуата и разговорте со сите луѓе вклучени во процесот на лекување и породување, нема знаци дека санува збор за грешка. Но, сепак ќе ги причекаме наодаите од комисииите и наодите од обдукцијата од Институтот за судска медицина, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.