Со Комитетот за безбедно мајчинство кој прв го формираше Бујар Османи во 2009 година кога беше министер за здравство, а го реактивираше Никола Тодоров во 2015, ќе раководи Ана Данева од Клиниката за Гинекологија која е кума на актуелниот министер за здравство Венко Филипче. Таа доаѓа на местото на др. Александар Митов кој раководеше со Комитетот како поранешен советник за здравство на поранешниот премиер Никола Груевски. Во Комитетот повеќе не е и Аспазија Софијанова како и Марија Хаџи Лега. На нивно место доаѓаат Викторија Јовановска актуелна директорка на Клиниката за Гинекологија како и директорката на Детска клиника Катерина Ставриќ.

Целта на формирањето на овој Комитет беше да се подобрат санитарно-хигиенските услови во родилиштата, да се обезбедат нормални услови за породување, да се набави потребната медицинска опрема, да се обезбеди доволно стручен кадар, а од друга страна, да се намали смртноста на доенчињата.