Жена му го спаси животот на тримесечно бебе оставено само во затворен автомобил на паркинг на температура од 32 степени Целзиусови, откако чуварот одбил да го скрши прозорецот на автомобилот, стравувајќи дека ќе биде отпуштен од работа.

Џена Лангстон (33) на сила го отворила багажникот на автомобилот откако го видела бебето како се препотува внатре, на паркингот пред супермаркетот Асда во Бирмингем.

Таа вели дека морала да преземе нешто, откако чуварот на паркингот рекол дека ако направи нешто, тоа се смета за „провала и кражба“.

Мајката на машкото бебе се вратила кај автомобилот 50 минути подоцна, иако неколку пати била побарана преку разгласот во супермаркетот.