1. Ја зголемува апсорпцијата на хранливите материи
Состојката пиперин која се наоѓа во црниот бибер ја зголемува апсорпцијата на витамините А, Ц, бета каротенот како и на други хранливи состојки, па на тој начин го подобрува севкупното здравје.

2. Го подобрува варењето на храната
Црниот бибер ги стимулира рецепторите за вкус и го поттикнува лачењето на желудочната киселина, а со тоа поволно влијае на варењето на храната. Покрај тоа, биберот има и антибактериски својства кои делуваат превентивно на појавата на цревни заболувања предизвикани од бактерии.

3. Црн бибер за подобрување на апетитот
Освен што ги подобрува вкусот и го поттикнување варењето, црниот бибер делува како стимуланс кога е во прашање апетитот. Затоа за овој зачин може да се каже дека е одличен природен лек за лицата кои имаат намален апетит.

4. Помага за слабеење така што го спречува таложењето на масти
Иако го подобрува апетитот, црниот бибер може да ви помогне за намалување на вишок килограми. Во обвивката на црниот бибер се наоѓаат фитонутриенти кои помагаат за разградување на масните клетки. Едно научно истражување кое било реализирано во 2010 година, покажало дека црниот бибер го спречува таложењето на масти. Тој помага и за забрзување на метаболизмот, па така ќе согорите повеќе калории. Со оглед на тоа што поседува и диуретски својства, црниот бибер го поттикнува излачувањето на токсините од организмот.

5. Помага за намалување на подуеноста во стомакот
Црниот бибер е корисен за намалување на подуеноста на стомакот. Доколку имате проблем со гасови, наместо црвена пипер, јадењата зачинете ги со црн бибер. Ако имате проблем со варењето на храната и чувствувате тежина во стомакот, напијте се чаша матеница во која сте додале ¼ мала лажичка мелен црн пипер и ¼ мала лажичка куркума во прав.

6. Ги намалува симптомите при артритис
Пиперинот кој го содржи црниот бибер е познат по своите антивоспалителни својства, па како резултат на тоа се користи во ублажување на симптомите при артритис. Овој зачин ја подобрува циркулацијата на крвта, па така делува превентивно на воспаление на зглобовите кое може да настане како резултат на лошиот проток на крв.

7. Млака вода со мелен црн бибер против затнат нос и кашлица
Благодарение на антимикробните својства кои ги поседува, црниот бибер влегува во состав на многу лекови против кашлица и настинка. Доколку имате затнат нос и кашлате, три пати во текот на денот напијте се чаша млака вода во која сте додаде ½ лажичка мелен црн бибер.

8. Претставува природен антидепресив
Црниот бибер го поттикнува лачењето на серотинот и со тоа го подобрува расположението. Имено, пиперинот го зголемува нивото на бета-ендорифин во мозокот, кој делува како природен антидепресив, го подобрува расположението и го намалува чувството на болка.

9. Домашна паста од мелен црн бибер за здрави непца и свеж здив
Со оглед на тоа што е корисен за намалување на болките и воспаленијата, црниот бибер може да ви помогне при лош здив и воспаление на непцата. Помешајте малку сол, црн бибер и вода, а со таа паста масирајте ги непцата.