Во Крива Паланка започна обуката за  негователи на стари лица во рамки на Програмата за општинско-корисна работа која ја реализира локалната самоуправа на општината. На обуката ќе учествуваат лицата кои беа ангажирани во проектот „Грижа за стари лица“ во Програмата за 2017  година.

Обуката ја спроведува „Поли Проект“ од Штип, а ќе трае три месеци. Учесниците ќе се стекнат со меѓународен сертификат за негователи на стари лица кој ќе им користи при вработување или во некој следен циклус од Програмата за општинско корисна работа. Предавач е  медицинско лице,  д-р Мартин Младеновски.