Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека власта на СДСМ го донела македонското здравство до состојба на кома. Според опозициската партија, здравствените институции немаат капцитет да одговорат на основните потреби на граѓаните.

Недозволиво е во Македонија во 21 век , како што соопштуваат, за еден месец три родилки да ги загубат своите животи во породувања, четири деца да завршат во кома поради дијабетис, хигиената во Кличникот Центар во Скопје да биде во толку катастрофална состојба, а во Дебар да е регистриран сериозен број на заразени од морбили, бројка која достигна 20 заболени.

Viral Diseases – Hand Infected – Hand foot and mouth disease HFMD

За нешто повеќе од една година, според владејачката партија се донел реален и одржлив план за изградба на нов Клинички центар, стапката на смртност кај новороденчињата е намалена, а се обезбедиле и повисоки надоместоци за дежурства за лекарите.

За очекување е, како што посочуваат од СДСМ, веќе од наредната година да се воведе бесплатното болничко лекување. Соништата на владеачката гарнитура не завршуваат, ама има една лоша работа, нема реализација и соништата пукаат како меур од сапуница. Затоа граѓаните ништо повеќе и не очекуваат!