Мамографот во штипската Клиничка болница, не работи повеќе од една година. Расипана е графичката плоча. Од раководството на болницата тврдат дека нефункционалниот дел е порачан уште лани во октомври, но и по неколку месеци не е пристигнат од Јапонија.

„За апаратот за мамографија во тек е набавка на делот што недостасува. Имаме единствен овластен сервисер, но сеуште го немаат набавено делот.“ – изјави Ален Георгијев, директoр Клиничка болница Штип.

Од болницата признаваат дека поправката на мамографот е итна, бидејќи според некои статистики, ракот на дојката е причина број еден за смртност на жените од Истокот. Сега пациентките од Штип, прегледите ги прават во Кочани, Свети Николе и Скопје. Инаку, годишно, на ниво на држава се откриваат над  830 нови случаи на рак на дојка. Изминатава година, болницата стави во функција повеќе апарати кои од неразбирливи причини, со години стоеја во болничките ходници. За овој период беа сервисирани и повеќе медицински  апарати, за што беа потрошени околу 160.000 евра.

Зошто не реагира министерот да се јави, да притисне за да се испорача делот побргу, неговите пациенти седат непрегледани, неговите сограѓани имаат потреба од ова медицинско помагало. Филипче не реагира бидејќи не го интересира. – посочуваат граѓаните