По клупите нема каде се седне, а онаму каде останало почисто за да одморат пациентите први соседи до клупата им се остатоците од храна и амбалажа.

Граѓаните велат дека и тие самите имаат вина за оставеното ѓубре, но и корпите често се преполни. Да сакате да го фрлите ѓубрето нема каде се е преполно и преоѓа во мали депонии

Пред клиниките освен корпите за отпадоци има и канти и контејнери поставени од јавното претпријатие Комунална хигиена.

Од претпријатието објаснија дека доброволно без надомест еднаш неделно го чистат клиничкиот центар и ги мијат улиците, но велат не можат секој ден. Од ова претпријатие немаат обврска, туку една добра волја за доброто на сите. Клинички е голем простор и треба секој ден да се одржува, за да биде чист, велат од комунална хигиена.

Засега нема најава како ќе се реши овој проблем. Одговорни за овој проблем беше Службата за заеднички работи, но пред месец дена од министерството за здравство рекоа дека немаат капацитет за чистење на клинички.

Првичната идеја беше да се ангажира претпријатието за комунална хигиена, а сметките да ги плаќаат клиниките. Директорите на болниците рекоа дека тие им плаќале на службата за заеднички работи, а отпадот никој не го чистел. Каде заминале парите, дали Дардиште има некаква поврзаност со целата ситуација, дали Филипче прави обиди за нова манипулација на клиниките и на граѓаните, на пациентите, ќе дознаеме набргу, времето никого не крие вечно, ќе излезат на виделина сите работи, каде тогаш ќе се скриеш Филипче и дали тогаш нема да биде време за одговарање за кршењето на законот, тогаш нема да има потреба од оставка, тогаш народот ќе суди – изјавија пациентите на клинички со кои разговаравме.