Специјалистите од здравствените домови бараат повисоки плати и да бидат изедначени со лекарите во општите болници. Велат дека ги заборавиле од Министерството за здравство, Владата и Фондот и ги нема во новите законски решенија. Уште пред еден месец со писмо до министерот Филипче се обратиле 11 специјалисти од Здравствен дом Делчево.

Реагираат дека се исцрпени и преморени, аплицираат болничка терапија и третираат пациенти во терминална фаза, а со години не се променети финансиите што ги добиваат. Просечната старост на делчевските лекари е 60 години а преку Мој Термин ги покриваат и пациентите од Македонска Каменица, Пехчево и Берово.

– Најблиската болница од нас е оддалечена 40 -100км што ја усложнува и отежнува работата, ја зголемува одговорноста, бидејки секој потежок пациент завршува кај нас, стои во реакцијата до Филипче.

– А како го планираме тоа, со дополнување на кадарот што им недостасува во тие јавни здравствени установи, заедно со Фондот за здравствено осигурување работиме на пресметка што ќе значи во финансиска смисла за буџетот зголемувањето на платите, и во таа пресметка тие колеги не се заборавени, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Со повисоки плати, специјалистите од здравствените домови се надеваат дека наместо да бегаат во странство младите доктори ќе бидат заинтересирани да одат на специјализација а повозрасните да продолжат со работа до 64 години.

Нови ветувања на министерот за здравство, надевајќи се дека овој пат специјалистите од Делчево ќе поверуваат на нив и ќе го остават министерот барем до завршување на тендерот слободен, да може да се сконцентрира на тоа што е битно и важно во здравството, а не вака да се замара со проблемите на малите градови, кога тендерот сеуште не е решен.

Залудно се надеваат Делчевчани дека ќе се смени несшто во здравството кога и самите знаат потајно дека со ваков министер не еден илјада дописи да се пратат истите тие колку и да се сериозни со содржина на Филипче тие ништо не му значат. – посочија неофицијално дел од персоналот и докторите од клинички центар.

Во Здравствениот дом во Делчево има невролог, интернист, офталмолог, психијатар, школска медицина, радиодијагностика, како и дневна болница во специјалистичките сдлужби, Центар за дијабет и инсулинска терапија.