Каракамишева до Заев: Со вас ни тикви не се садат камоли Влада да се дели!

Професорката, Тања Каракамишева, која влезе и во партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ, коментира дека партијата никогаш не би прифатила заеднички мандат во Владата на Зоран Заев, откако премиерот изјави дека на…

Професорката, Тања Каракамишева, која влезе и во партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ, коментира дека партијата никогаш не би прифатила заеднички мандат во Владата на Зоран Заев, откако премиерот изјави дека на лидерските средби му понудил на Мицкоски влез во Владата.

„Со тебе у Влада? Ни на сон човеку! Многу брзо ќе си поднесете индивидуална и топтан колективна одговорност пред Македонскиот народ и реформираниот суд за ујдурмава и ќе заминете засекогаш! Со вас ни тикви не се садат камоли Влада да се дели! Пу пу скраја да е!“, напиша Каракамишева на Твитер по изјавата на Заев.


Related Articles