Откако во јавноста се популаризираше уште еден скандал поврзан со функционер поставен од владата на Заев, на својот Фејсбук профил реагираше и добро познатиот поддржувач на политиките на Заев и поранешен висок партиски член на СДСМ како и претседател на Сорос Фондацијата во Македонија, Владимир Милчин. Милчин на својот Фејсбук профил запраша ,,Има ли крај?’’, веројатно мислејќи на низата коруптивни скандали кои ја тресат владата на Заев.

Имено сериозни сомнежи во јавноста се појавија за злоупотреба на службената положба од страна на високи државни и партиски функционери од кои само последен е случајот со службеното возило на директорот на БЈБ, Лазо Велковски кое беше употребено за лични потреби, односно употребено за прошетка во Грција од страна на неговата ќерка.

На последниот настан претходеа сомнителни грантови од Фондот за иновации, сомнителни тендери и класични примери за злоупотреба на парите на граѓаните.

Ама тука не завршува циркусот, до кога „Медрано“ ќе гостува во нашиот град и уште колку престави ќе се изнагледаме, тоа никој не знае, ама сите сериозно може да се запрашаме, До кога, ќе има ова крај навистина или? – се интересира народот за тоа што се случува.