Министерот за здравство Венко Филипче потпишал договор во четири очи, без да распише тендер, за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип, договор во вредност од 700 000 евра со грчка фирмата Интеркат која веќе ја гради Клиничката болница, а подизведувач е фирмата Бетон Штип.

Бункерот чии темели беа ставени уште пред четири години, не е составен дел од болницата и неговата изградба не е предвидена во договорот за изградба на болницата.

Наместо Филипче да распише тендер на кој ќе се јават повеќе фирми и ќе има конкуренција во однос на цената и понудениот квалитет, министерот Филипче одлучил изградбата да ја довери на фирмата која ја гради болницата и тоа да го направи со договор во четири очи. Изградбата на бункерот овој пат чини цели 700-тини илјади евра.

Од министерството за здравство го нудат следното објаснение на тоа зошто тендерот е распишан без тендер и доделени се средствата!

 „Потпишана е варијација за финализирање на градежните работи со фирмата Интеркат од Грција, која е актуелен изведувач на КБ Штип. Имено, бункерот за акцелератор претставува една целина со самата болница и по функција и физички, се наоѓа во рамки на болницата, па согласно горенаведените процедури произлезе и варијацијата, се со цел навремено завршување на целиот проект за изградба и модернизација на регионалната Клиничка болница во Штип.

Согласно процедурите на Банката за развој при Советот Европа од кој кредит се финансира и градбата на болницата и на бункерот, постапено е по правилата за набавка на кредиторот и по претходно добиена согласност од ЦЕБ и потпишана е варијација на договорот со актуелниот градител на КБ Штип, се вели во одговорот на Министерството за здравство.

Сепак, упатените во проблематиката велат дека ваква варијација може да се направи само на основниот договор, но бункерот претходно не бил составен дел од тој договор.

 „Тендер мора да има без разлика што бункерот ќе се гради со пари од кредитот кој треба да го исплаќаат граѓаните на оваа држава. Тоа што е добиена дозвола од Банката не го амнестира министерот Филипче да распише тендер и преку јавен оглас да се отвори можност да се јават повеќе фирми за да се избере најдобрата понуда. Во спротивно, тоа е кривично дело“ од неофицијални извори дознаваме.

Освен што се влече изградбата на бункерот за акцелераторот доцни и изградбата на Клиничката болница во Штип. Во јануари истекува рокот кога треба да биде завршен објектот, а завршени се само 24 отсто од работите. Неофицијално, на фирмата Интеркат и Бетон Штип платено им е однапред за работата проценета во вредност од 34 милиони евра – Посочуваат од фирмата изведувач неофицијално.