Цела Македонија го бара чајот од маслинки на Ангел Попов кој лекува дијабетес

Луѓе од цела Македонија го бараат домашниот чај од маслинки за кој Ангел Попов од Дојран вели дека го излечил дијабетесот. Откако низ медиумите излезе приказната за тезгата на дојранскиот…

Луѓе од цела Македонија го бараат домашниот чај од маслинки за кој Ангел Попов од Дојран вели дека го излечил дијабетесот.

Откако низ медиумите излезе приказната за тезгата на дојранскиот кеј на чичко Ангел, на која се продаваат лековити чаеви и производи од маслинки, неговиот син, Бранко, вели дека телефонот не престанал да му ѕвони, а залихи од чајот веќе речиси и да нема.

– Откако го објавивте мојот број на вашата фејсбук страница, телефонот постојано ми ѕвони. Чајот ми го нарачуваат луѓе од цела Македонија и веќе ни снемуваат залихи – посочи чичко Бранко во Дојран.

– Најмило ми е што една госпоѓа, кога вторпат ми се јави ми рече дека за само четири дена откако почнала да го пие чајот, шеќерот од 12 единици ѝ се намалил на 4.5. Не е само татко ми, овој наш производ помогна на многу луѓе”, додава тој. Освен за дијабетес, чајот го бараат и за белодробни заболувања, за намалување на крвниот притисок и за многу други болести.

Попов вели дека иако семејниот бизнис со одгледување маслинки на него и на татко му им оди солидно, тие размислуваат за проширување.


Related Articles