Двегодишно дете било брутално претепано во Скопје, а при тепањето детето се онесвестило. Детето е згрижено на Клиниката за детска хирургија, а за таткото е поднесена кривична пријава.

Информациите се дека таткото под дејство на алкохол го претепал едно од своите четири деца. Од МВР ја потврдуваат информацијата. Повеќе детали најавуваат во текот на денот.

Каде е сега министерката да го посети детето, да ги посети и погледне сите тие случаи кои заслужуваат внимание од нејзина страна како министерка за труд и социјала, па потоа да се пуштат во акција надлежните служби и да се превземат потребните мерки за да може во иднина да се спречуваат или намалуваат овие типови на појави. Но, за жал министерката не прави ништо, седи и ужива во своите министерски денови и како нејзините колеги, ако не е инволвирано спроведување на партиските наредби од ЗЗ или „омрсување“ од некој тендер, таа од фотељата не станува.

Се до тогаш министерката е недостапна, се додека е вакво однесувањето на лидерите на битните институции во државата а владата тоа го толерира, се до тогаш ќе тонеме и нема да може никако да направиме исчекор напред и ги смениме работите, со оваа гранитура на министри, тое не само што не е на повидок туку е невозможно! – посочија неофицијално дел од луѓето кои ги сретнавме во клиничкиот центар