Децата и пациентите со дијабетес  тип 1 веќе две недели користат инсулин чиј рок на употреба истекува во септември. Инсулинот е донација од преставништвото на компанијата производител, откако во државата се потрошија залихите и снема инсулин НовоРапид.

Околу 1200 скатули и пенкала  во количини за едномесечна потреба од инсулинот НовоРапид  беа донирани од компанијата производител откако пред две недели во државата снема инсулин.

Неофицијално, Министерството за здравство распишало оглас за интервентен увоз но, понудата  не била прифатена бидејќи инсулинот бил со краток рок.  Нема потврда дали се ова истите инсулини кои биле понудени при интервентниот увоз, а потоа се прифатени како донација.

Во Сојузот на дијабетичари на Македонија креваат раменици и велат дека чекаат министерот Филипче да се врати од одмор.

„ Реагираат пациентите на социјалните мрежи. Инсулинот е пред истек на рокот на употреба, а треба да имаат минимум три месеца рок пред издавање. Чекаме да се врати министерот од одмор па да добиеме одговор што се случува“, изјави Бојан Киров претседател на Сојузот на дијабетичари на РМ.

И покрај тоа што не треба да биде со толку краток рок и од компанија што е со сомнително потекло, министерот Филипче, не се замара да го обезбеди тоа што беше договорено туку, тој е веќе на одмор, а во меѓувреме ваквите лекови со скоро поминат рок им се дават на деца кои ја примаат оваа терапија. Знаејќи дека пред само неколку месеци цела болница користеше лекови со поминат рок, па немаше никаква реакција кај и од Министерот Филипче, оваа реакција не може нас како јавност, граѓани, пациенти да не фати неспремни и да биде изненадување, се виде кој е и колку може Филипче.

Цело време само се слуша и се збори за инсулинот и инсулинската терапија, како да нема побитни работи за средување во здравството, меѓутоа повеќе од очигледно е дека министерот не си ја работи својата работа како што треба па и тие обични задачи кои се завршуваат без никаков проблем тука се потешкотија. Најверојатно е поврзано со неговата неспособност како министер и бркањето само тендери наместо грижа за пациентите во секој сегмент на ниво на Македонија? Во исто време на социјалните мрежи осамнуваат докази за министерското неработење и негрижа, поточно се објавуваат фотографии од инсулинот и коментари дека го примаат деца.

„Еве и мене што ми дадоа . Пред да земам јас , истите вакви инсулини му ги дадоа на 16 годишно момче “, напиша Ели Пирита од Битола.

„Не ја обвинувајте компанијата производител за оваа состојба. Тие само донираа и си ги исчистија залихите пред истек на рокот. Зошто поништувањето на лекови со поминат рок чини пари, а вака се ослободија од инсулините без пари. И кој знае од кога се резервите штом рокот истекува. Пред неколку години инсулините имаа рокови минимум две години, а овие се скоро неупотребливи( за две -три недели). Сега што ќе правиме ??? Ќе си го чекаме новиот тендер. Тоа е. Еден месец има залихи на инсулин“, напиша една пациентка во својот коментар на Фејсбук.

„ Тендерот за инсулини ќе биде распишан на почеток на следната недела, сите претходни подготвителни работи се завршени. Инсулинот кој е со рок на траење до 30.09.2018 година веќе е потрошен во месец јули или го има во многу мали залихи во  неколку инсулински аптеки. Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациентите се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од 26-30 денови“, се вели во одговор на Министерството за здравство.

Од таму велат дека од 15 август ќе има инсулини Новорапид со рок на траење повеќе од 12 месеци и дека нема да дозволат да има недостиг на инсулини.

Тедерот за инсулини е двегодишен, а процедурите околу неговото распишување некогаш траат и по три месеци, вклучувајќи го тука и рокот за жалби. Пациентите се загрижени за снабдувањето со инсулини бидејќи праксата е три месеци пред истекот на рокот на стариот тендер да заврши процедурата од новиот и при тоа да има доволно инсулин во државата.

Тогашниот заменик министер за здравство, а сега координатор за здравство во Владата, Гоце Чакаровски тврдеше дека инсулинот не бил навреме доставен заради пречки во транспортот. Пред Нова година од Министерството за здравство уверува дека инсулинска криза нема, а признава дека инсулините биле набавени преку донација.

И потоа министерот Филипче ќе има три чисти да излезе пред народот и да каже не чувствувам обврска или дека нешто сум згрешил за да си дадам оставка, г-не министре, во вашиот случај оставката не е по право на избор, по сето ова што го доживеавме ние пациентите во Македонија од ВАС, вашата оставка е МОРАЛНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНА.

Доколку сакаме македонскиот пациент да биде згрижен да има навреме терапија и лековите да бидат соодветни не со поминат рок или донација пред поминување на рокот. – посочија дел од членовите на здружението за дијабетичари, кои беа револтирани од ваквите постапки и однесување на министерот!