Рибизлата е богата со витамин Ц, но содржи и органски киселини, пектини и танини.

Добра да се јаде и во случај на грип, зарипнатост, кашлање, гихт, реума, анемија и недостиг од витамини со цел да се зајакне организмот.

Рибизлите се препорачуваат кај чирот на дванаестопалечно црево и желудник, гастритис и намаленото лачење на киселини во желудникот. Црвената рибизла го подобрува апетитот и ја намалува жедта, па може да се користат и во диетите за дебелење.