Од Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) преку објава на официјалната фејсбук-страница реагираа на изјава од министерот за здравство во која, како што наведуваат оттаму, тој рекол дека исплатени се 340 специјализанти, кои почнале да добиваат плати за својата работа и дека треба да се исплатат уште 92 специјализанти запишани од тековната година, кои не биле вкалкулирани во буџетот донесен при крајот на 2017.

Поради ваквата изјава, од ЗЛС реагираат и апелираат до здравствените власти да не се манипулира со бројките на исплатени специјализатни.

Манипулацијата со бројки не иде во корист на граѓаните, се знаат вистините и затоа препорачуваме да се придржувате до кажаното во спротивно ќе ги изгубите сите специјализанти, барем тие што не се платени – посочија дел од специјализантите