По скандалот со кичевската болница СЛЕДИ уште еден скандал во здравството, каде прво рангираната кандидатка не е примена,  а последната е примена иако има многу помалку бодови од првата на листата, скандал ја тресе и ЈЗУ Охрид Општа болница.

Имено исто како во случајот со кичевската, така и во охридската болница од 31 кандидат рангиран според успех, за работно место медицинска  сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот.

Упатените коментираат дека без разлика на квалификацииите според системот за бодирање, очигледно дека некои други параметри и квалитети се земаат во предвид при вработување.