Храната е најслаткото задоволство на што граѓаните најмногу му посветуваат внимание. Статистиките покажуваат дека во период од 24 часа Македонците повеќе време минуваат во јадење отколку во грижа за сопственото здравје, лична хигиена и љубовниот живот заедно. А кога нема што да се прави, најчесто се „дреме“ пред телевизор или се потонува во длабок сон.

Без разлика дали е омилена активност или реална потреба, статистиките покажуваат дека Македонецот просечно една третина од денот ја поминува во спиење. Во однос на слободните активности во текот на денот, 40 проценти од Македонците  денот го поминуваат гледајќи телевизија.

Ако речиси половина од денот се минува пред телевизор, другата половина припаѓа на користење компјутер, дружење, прошетка и одморање. Надвор од работните обврски, доминираат активностите по дома – готвење, чистење, пеглање и разно одржување на домот.

СПИЕЊЕ                                                         8 часа и 44 минути

ДОМАШНИ АКТИВНОСТИ

(готвење, перење, чистење, поправки..)       2 часа и 25 минути

ЈАДЕЊЕ И ПИЕЊЕ                                         2 часа и 14 минути

ЛИЧНА ХИГИЕНА, ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕ,

ИНТИМНИ ОДНОСИ                                      56 минути

ПАТУВАЊЕ

(од/до работа, училиште, пазарување..)      52 минути

Овие топли денови се вистински повод, барем напладне, да се поминат во парк, велат дел од граѓаните кои ги анкетиравме – а навечер следи „гозба“ со семејството и пријателите. Има и такви кои од премногу обврски не можат да си посветат време за себе.

За жал, статистиката повторно ги посочува и родовите стереотипи – жени домаќинки чија задача е да се грижат за децата и домот додека нивните сопрузи работат платена работа. Жените пред шпорет поминуваат три пати повеќе време од мажите, а во миење садови – дури осум пати.

ГОТВЕЊЕ

жени  – 37%               мажи – 12 %

МИЕЊЕ САДОВИ

жени – 16%               мажи – 2%

Овие поразителни бројки го отвора прашањето – дали и како државата може да ја поттикне женската популација да се активира на пазарот на трудот?

„Во огромен процент, жените остануваат во домашни услови и извршуваат работа, но таа е неплатена и тие не се регистрираат како активни баратели на работа. Правиме анализи за тоа како да воведеме економија која се базира на заштита. Оваа дејност која што се врши дома, ако се воведе како сервис на локално ниво како персонална асистенција, палејативна грижа во домашни услови, заштита на стари лица, сето тоа се креирање на нови работни места за женската популација.“

Статистика вели и дека лицата од 25 од 44 години најмногу време поминуваат на работа, а најслободни се лицата над 65 години.