Жителите од Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево за две до три години ќе останат без соодветна здравствена заштита. Лекари специјалисти во Здравствениот дом во Делчево засега има, но надлежните алармираат дека подитно е потребно да се пратат млади лекари на специјализација.

Триесетина лекари и медицински сестри по основ на пензионирање или миграција во странство си заминале од делчевскиот Здравствен дом. Во Германија на печалба наголемо заминуваат медицинските сестри и тоа не само помладите, туку и оние кои се пред пенизонирање.  Па сега во овој дом 85 вработени се грижат за здравјето на речиси 50.000 жители во Пијанечко-Малешевскиот регион. Во објектот одамна не се слушнал плач на новороденче. Родилиштето е затворено, а во соседните општини Берово и Пехчево пак нема педијатар. Родителите своите деца за една вироза, настинка  на прегледи мора да ги носат во Кочани, Штип и Скопје.

Директорката на делчевскиот здравствен дом, Глигоровска забележува дека  имаат и недостаток од болничари и возачи на амбулантните возила.

На Здравствениот дом Делчево, кој од Штип е одалечен речиси 90 километри, а од Скопскиот Клинички центар уште толку километри дека под итно му се потребни нови специјалисти на интерно и неврологија. Се очекува веќе во јануари и ресорното министерството да ги одбори. Крајниот исток старее, а наталитетот постојано опаѓа, кој се гледа и низ бројките на првачињата кои ќе влезат во училишните клупи.