Две годишно дете почина на Клиничкиот центар за инфектологија откако ја изгуби битката со болеста. Од институтот за инфектологија известија дека станува збор за многу ретка болест која во поголемиот број на случаите завршува со смртни последници. Детето кое заедно со своето семејство дошло во Македонија на одмор, овде се заразил со бактеријата, велат лекарите.

Епидемиологот Владимир Микиќ, вели дека има 1-2 вакви случаи годишно, а за конкретниот случај вели дека епидемиолозите излегле на терен за да утврдат дали  бактеријата е пренесена кај други членови на семејството или во транспортниот автомобил со кој е пренесено детето.

Детето е однесено пред еден ден во клиничкиот центар во Прилеп, од каде веднаш е пренесено во Скопје, каде се преземени сите потребни мерки, но по помалку од 24 часа, детето починало. Инаку станува збор за бактерија која предизвикува воспаление на мозокот, но во многу ретки случаи, како што е овој, ги зафаќа сите органи.

Воопшто нема да биде на одмет доколку излезеше министерот Филипче и да соопшти за каква бактерија станува збор, од каде дошло на гости детето, каде ја фатило кобната бактерија како и која е бактеријата која ги предизвикува тие последици, од што се фаќа, како може да се заштити населението од истата и некои основни слични на ова информации.

Меѓутоа како и претходно и како што може да се види министерот Филипче освен тендерска документација и текот на тендерите ништо друго не го задржува неговото внимание. Народот, пациентите, македонските граѓани прашуваат и тоа останува така без одговор, министерот премолчува и ретко скоро воопшто на ништо не одговара.