Здружението на приватни лекари – ЗПЛРМ го поздравува трендот на покачување на капитациониот бод кај колегите гинеколози и кај колегите од терциерно и секундарно јавно здравство, но апелира дека ваквите парцијални решенија доведуваат до огромно незадоволство кај матичните доктори.

„Апелираме овој тренд на покачување на платите во здравството да се примени и во приватните здравствени установи, кои се врзани со договори со ФЗОМ“ велат од ЗПЛРМ.